(ВИДЕО) Костадинов : Мицкоски се однесува незрело и профитерски, изборите се решение, а не проблем

0
87
Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
Почитувани,

Однесувањето на Христијан Мицкоски во време на сериозна здравствена криза е однесување на несериозен, незрел политичар – политички профитер врз здравјето на граѓаните.

Лажеше Мицкоски дека немало доволно тестови за корона вирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, додека истовремено вежбаше во затворени теретани и во групи се качуваше по Водно.

Лажни вести и деструкција се сето она што граѓаните гледаат од Христијан Мицкоски.

Откако не му успеаја обидите за создавање неоснована паника во јавноста, откако не му успеаја режимските постапки на Наќе Чулев, денес Мицкоски прави сè за да нема избори и државата да ја заглави во неизвесност и криза.

Знае Мицкоски дека на избори ќе биде поразен од граѓаните и затоа бега од изборно соочување, додека неговите кадри во преодната Владата работат на штета на граѓаните и државата.

Тоа не е ништо освен срамно политичко профитерство од страна на незрелиот и неодговорен Мицкоски.

Затоа, почитувани, изборите се решение за проблемот наречен Мицкоски и неговите кадри во Владата.

Со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓаните.

Здравјето и живеачката на луѓето се најважни, а затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем со полн капацитет и легитимитет.

Само на тој начин уште поефикасно  ќе се справиме со последиците од досегашната епидемија, но и ќе бидеме повеќе подготвени да го дочекаме септември и очекуваниот нов бран на вирусот.