(ВИДЕО) Костадинов : ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување во Собранието, кочи важни закони и работи на штета на граѓаните

0
804

Прес конференција, Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување во Собранието, кочи важни закони, работи на штета на граѓаните и на штета на демократските процеси во државата.

Во еден ден ВМРО-ДПМНЕ поднесува илајдници амандмани на повеќе законски предлози со единствена цел, да ги блокираат реформските процеси.

ВМРО-ДПМНЕ со преку 970 поднесени амандмани сака да го блокира Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, за да обезбеди заштита за криминалот што го правеа функционерите од оваа партија и да спречи какви било реформи во судството.

Поднесоа на 4000 амандмани за предлог законот за Јавно обвинителска служба со што ги загрозуваат доказните матријали во процесите коишто се водат против нив.

Ете кој е против правдата, се покажува на дело, тоа се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Тие се против секоја реформа во правосудството.

Со илјадници амандани ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат и собраниската дебата за измени на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ е против еднаквост на мажите и жените, против отворените листи.