(ВИДЕО) Корлевски: Скандалите во СВР Битола немаат крај – срамна кражба на пченица

0
616

Прес конференција, СДСМ
Борче Корлевски, портпарол на СДСМ Битола
Битола, 21.07.2016 година

Скандалите со вработените партиски кадри во СВР-Битола и нивни најблиски немаат крај.

Видовте како невеста, инаку вработена во СВР Битола пука со пушка на сопствената свадба и како во тоа и помага нејзиниот татко.

Овoј пат се работи срамна кражба на пченица што ја направил татко на друга вработена во СВР Битола.

Станува збор за таткото на Нада Пејковска која e на висока инспекторска позиција во СВР Битола и е советничка во Општина Демир Хисар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Злате Пејковски, приватник, имал обврска да транспортира и истовари пченица во магацините на Жито Битола.

Но, по пат накај Жито Битола, Пејковски застанал на стовариштето на Стентон градба и таму истоварил околу 2.500 килограми од пченицата што ја носел до Жито Битола.

Против таткото на вработената во СВР Битола, Нада Пејковска сеуште не е поднесена пријава за кривично дело кражба!

Зошто се уште не е покрената кривична пријава за таткото на вработената во СВР-Битола, иако е побарано од jавен обвинител, со оглед дека случајот е од пред 10 дена?

Едни крадат, други рафално пукаат по свадби и тоа станува збор за вработени во полицијата и членови на нивните најтесни семејства.

Порачуваме дека законите мора да важат подеднакво за сите. И за овој случај и за случајот со невестата – рафалист, вработена во СВР Битола мора да има истрага и одговорност.

Граѓаните на следните регуларни избори ќе ја казнат оваа несовесна, незрела и неодговорна власт и ќе изберат одговорна Влада којашто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и нивната стабилност и безбедност.