ВИДЕО: Комодоре се враќа како Андроид смартфон

0
588

Еден од најпознатите компјутери од 80-тите години Комодоре наскоро се враќа на пазарот, но овој пат како Андроид смартфон.

Новиот уред ќе се вика Комодоре ПЕТ, во знак на сеќавње на компјутерот од 1977 година.

smart fon 1

Станува збор за смартфон со 5,5 инчен екран, 1,7 Гигахерци окта-кор Медиатек процесор, камера од 13 мегапиксели на задниот дел и батерија од 3.000 мили Ампер часа.

Комодоре ПЕТ во себе ќе поддржува два емулатори кои на носталгичарите ќе им овозможи играње на познатите видео игри од Комодоре 64 и Амига.

Смартфонот ќе биде достапен во две верзии со 16 и 32 гигабајти меморија.

Најефтината верзија на Комодоре ПЕТ смартфон ќе чини 300 долари, а ќе се појави до крајот на месецот во Италија, Франција, Полска и Германија.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=4N10tXWfdQ4[/youtube]