(ВИДЕО) Ковачевски: Прво опомена, а потоа казна

0
1118

Во 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ бевме сведоци каде инспекциските служби беа инструмент за репресија, уцени, заплашување и политички притисоци.

Тоа на својот грб го почуствуваа многу стопанственици и дуќанџии со плаќање на, честопати и енормно високи парични казни, поради што некои од нив банкнотираа.

Оваа сурова практика ќе остане во минатото после победата на СДСМ и здружената опозиција на изборите на 11-ти Декември.

Превенцијата ќе биде темел на казнената политика.
По извршената опомена, ќе се врши едукација со стопанствениците за почитување на законот, за да го вратиме мирот и спокојството кај даночните обврзници.

Прво ќе се опоменува за сторен прекршок и само при негово повторување ќе следува казна.
Но и таа казна нема да биде енормно висока, како досега, туку ќе биде пропорционална на приходите на фирмата.

Казната ќе биде со цел фирмите и работодавачите кои се огрешиле, да се поправат и да го продолжат својот бизнис по сите правила на законите и прописите.

Инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. Изборот на правните субјекти кои ќе бидат контролирани ќе се спроведува по случаен избор или по пријава со цврсти докази.

Извршителските трошоци нема да бидат повисоки од 20% од висината на спорот.

После 11ти декември, со сите наши мерки од изборната програма, ќе ја вратиме вербата во институциите, ќе го вратиме мирот и спок