Повторно, комбинатот РЕК Битола е во тотален колапс. Сите три блокови не работат и се надвор од функција. СДСМ во изминатиот период предупредуваше за она што денес се случи. Бидејќи повеќе од 80 отсто од вкупното производство на електрична енергија во земјава го произведува овој комбинат, јасно е дека со ваквата состојба во РЕК Битола, како и неработењето на РЕК Осломеј државата се потпира само на производство од хидроелектраните, изјави пратеникот на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски.
Тој вели дека малиот капацитет на хидроелектраните доведува да мора да се врши интервентен увоз на скапа струја, а сметката на крајот ја плаќаат граѓаните.
– И покрај поторошените стотици милиони евра за реконструкции, ремонти и слично, во РЕК Битола постојано има испади и долгорочни дефекти на термоелектраните на комбинатот. ЕЛЕМ дозволува постојан пад на производството и не инвестира во основната дејност, но затоа фрла 14 милиони евра за рајски градини со мајмуни и желки во скопски Аеродром. Со ова се потврди дека овај менаџерски тим, поставен од ВМРО-ДПМНЕ, во ЕЛЕМ и во РЕК Битола не е кадарен и компетентен да го води електроенергетскиот систем на Македонија. Од ваквите состојби единствено добивка имаат партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговите најблиски соработници. За нивната неодговорност цената ја плаќаат граѓаните, кои ќе им ја испорачаат сметката на следните демократски избори кога ќе дојдат промените за подобра Македонија – вели Ковачевски.