(ВИДЕО) Китев: Милионите евра за Панорамското тркало и Рајската градина да им се дадат на поплавените граѓани

0
1132

Амандманите кои што се поднесени од страна на опозицијата во никој случај не ја загрозуваат финансиската или економската стабилност, бидејќи станува збор за финансиски кратења од непродуктивните трошења кои што треба да се случат во идниот период, или кои што дел се во тек. СДСМ мисли дека луксузирањето кое што го прави Владата треба да прекине, барем во овој период, рече пратеникот Бетијан Китев, во однос на предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на седница бр.86 на Комисијата за финансирање и буџет.