(ВИДЕО) Калеска – Ванчева : Мицкоски е неодговорен, шири лажни вести, не ги почитува мерките за заштита и го загрозува здравјето на граѓаните

0
1143

Прес-конференција, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ

Неодговорното однесување на Христијан Мицкоски во изминатите 2,5 годни се потврди и за време на најголемата пандемија со коронавирусот.

Во тешки времиња, Мицкоски шири лажни вести, неоснована паника а во медиумите се појавија видео снимки и фотографии кои покажуваат дека е крајно неодговорен и работи против здравјето на граѓаните.

Теретани, фитнес центри, прошетки на Водно, тоа е фокусот на Мицкоски.

Наместо да помогне,  Мицкоски одмага, шири лажни вести, дава негативен пример и поттикнува непочитување на мерките за заштита на најскапоценото, здравјето на граѓаните.

По објавената снимка од теретана, односно фитнес центар се поставуваат и други прашања.

Во кое својство, припадници на специјалната полиција го придружуваат Мицкоски во фитнес центар?

Дали наместо на располагање на граѓаните, Чулев и неговите кадри во МВР се ставени на располагање на Мицкоски?

Овие вонредни околности, од сите нас бараат одговорност и претпазливост, со цел брзо надминување на пандемијата. Очигледно тоа не важи само за Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.

Таквото несериозно, незрело и неодговорно однесување во време на здравствена криза ќе биде ценето од јавноста, од граѓаните.