(ВИДЕО) И без денар помош од државата, во Центар интензивно се работи

0
295

Screenshot_3-679x320

Без денар помош од државата, општина Центар интензивно работи на реализација на 25 проекти од амбициозната акција “Работно Лето 2015“. Утре, свечено ќе биде отворен реконструираниот дел на улицата “Орце Николов“, а готова е и улицата “Тасино Чешмиче“.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, вели дека во изминатите две и пол години се’ е направено со пари од општинскиот буџет. Жерновски посочува дека не очекува и во наредниот период помош од државата, иако се работи за објекти кои се во интерес на сите граѓани.

За прв пат по 40 години, се гради нова градинка. Децата ќе се вселат во нов, современ објект на градинката “Кочо Рацин“. Жерновски посочува дека за ова, општината одвои нешто помалку од 2 милиони евра, но тоа е помалку од 2 и пол милиони евра, колку што државата потроши за прскалките на плоштадот “Македонија“, соопштуваат од општина Центар.

Ќе се реконструира и градинката “13-ти ноември“, во план се и три згради да добијат енергетски-ефикасни фасади, ќе се реконструираат улици и водоводни мрежи и ќе се озеленат големи површини.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ