(ВИДЕО) ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ, ЗОРАН ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО ПРАТЕНИЦИТЕ : Ќе има амнестија за 27-ми април, ама не за тепачите и организаторите!

0
562

Правните  тимови  што  ќе работат на изготвување на  Предлог законот за амнестија за собраниските инциденти од 27 април треба да најдат решение со кое јасно ќе  направат дистинкција од насилството и учеството во физичкото насилство, како и осмислувањето на ланските инциденти. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев по вториот состанок на Телото за помирување каде тој како гостин ги посочи идеите во процесот на помирување.  Ако мудро го искористиме процесот работите ќе се тераат во вистински правец, рече Заев.

Воља постои, желба постои но секако знаеме дека црвените линии не смеат да се поминат, што е многу важно да не ни падне на памет  да влијаме во правосудниот систем, затоа што знате дека реформите во судството и незасвисноста на правосудството се императив и многу важни и заради интеграциските  процестие кон НАТО и ЕУ. Треба да се разграничи што е тоа насилство и физичко насилство, органиација и осмислувалње, и што е тоа да некој учествува во толпата, да биде заведен, да биде понесен. Сите може да се согласиме дека терористичкото загрозување на уставниот проедок не е нешто кое треба  треба да  ги опфати сите. Не навлегувам подетално само кажувам како пример дека имаме потреба да направиме јасна дистинкција  и разграничување. Секако пораката на помирување на  подавање рака мора да постои, но и пораката на неповторување на вакви работи мора да постои. Ние и да се  помириме во моментот и тоа да се пушти најдоле до последната клетка  семејството, граѓаните на локално ниво, акок повторно сеповторат вакви настани ништо не сме направиле. Така верувама да правните експерти кои ќе бидат ангажирани од работното тело ќе најдат мудри начини и низ постапките по пат на транспарентен начин ќе се донесат законските решенија, рече премиерот Заев.

Конструктивна дебата од која произлегоа заклучоци, рече Емилија Александрова од Незасвисната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека трите формирани групи, за реформи, интеграција и помирување не се од затворен тип. Апелираше до  пратениците активно да се вклучат во процесите за помируање.

Краен заклучок е што дадовме и рокови до вторник овие три подгрупи да се  состанат да ги разгледаат своите области на делување и да излезат со конкретни предлози и решенија секој од својот домено и конечно да дадеме динамика на целикот процес. Овие три процеси интеграцијата, реформите и помирување, еден без друг нема да го дадат конечното решение,  а тоа е да застанеме на вистинскиот пат и еднаш засекогаш како свесни граѓани и политичари мора да дадеме шанса на нашата држава да се движи напред, рече Емилија Алексндрова од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Фросина Ташевска Ременски патот кон помирувањето и позитивната атмосфера во државата мора да почне од Собрането.

Работата на групата е фокусирана на Законот за амнестија. Работните групи и тела имаат мандат, бидејќи го имаат веќе и составот, ги имаат и претставниците од Владата што ќе учествуваат во работата на ова тело, ги имаат сите механизми што им се дадени согласно одлуката да вклучуваат и други пратеници, правни експерти,  МАНУ, цивилно општество, медиуми кои можат да сугерираат и даваат решение за овој комплексен процес, кој  е во интерес на стратешките интереси на Р. Македонија. Широк е фронтот за дебата и сите ние кои учествуваме и претставуваме политички партии во Интерпарламентарната група имаме јасно изразен консензус, дека патот на РМ, кон помирувањето и релаксирањето на општествено политичката реторика мора да почне од Собранието на Република Македонија за да може да рефлектира позитивна атмосфера за процесите кои ќе обезбедат иднина на Македонија, рече Фросина Ташевска Ременски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски  рече дека остануваат на ставот да не учествуваат во Интерпарламентарната група за реформи, интеграција и помирување, дека  бараат целосна амнестија за сите учесници од 27 април и оти доколу телото донесе позитивен закон во оваа насока ќе го прифатат.