(ВИДЕО) ИЗЈАВА НА ЖАРКО СТЕВАНОСКИ ПО ПОВОД ПРОМОЦИЈА НА НЕЗАВИСНА КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ПОД СЛОГАНОТ ,,ЧЕ ВРЕДИ”, И НОСИТЕЛ НА НЕЗАВИСНА ЛИСТА ЗА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

0
517

Изјава на Жарко Стеваноски, независен кандидат за градоначалник на Општина Прилеп:

„Добра вечер почитувани новинари Ви благодарам за Вашето присуство, драги сограѓани.

Мотивите за еден ваков чекор граѓанската иницијатива „Че вреди„ги влечи од 30-те години независност и ваквиот повеќепартиски систем  со кој политичкиот избор на граѓаните се сведува на избор помеѓу две политички парии кои по ништо не се разликуваат во начинот на владеење и остварувањето на личните интереси.

Единствено што до денес нам граѓанит ни покажале ВМРО и СДСМ е тоа како се станува роб во сопствената држава, во сопствениот град.  Веќе 30 години сме начисто дека без партиска книшка нема вработување, дека без партиска поддршка нема напредување и дека без партиската милостина нема преживување во ова наше оптшество.  Сведоци сме на тоа дека цената која граѓанинот ја плаќа заради обезбедување таквиот живот е превисока а условите за да стигнеме до него се понижувачки и сакале ние или не не тераат при очи да бидеме слепи и при уши да се правиме глуви, да бидеме послушни.

Преку ваквата иницијатива сакаме на Прилепчани да им покажеме дека политичките опции ВМРО и СДСМ  секогаш биле и секогаш ќе бидат малцинство кога станува збор за интересот на градот и за доброто на сите граѓани.

Затоа како граѓанска опција одлучивме да ја бараме поддршката од граѓаните на следните локални избори и се надеваме дека Прилепчани како низ историјата така и сега ќе покажат пркос наспроти партиските стеги на политичките близнаци ВМРО и СДСМ и ќе ни ја дадат можноста да покажеме дека нема да дозволиме партиските локални шерифи да ни бидат репер за успешно водење на локалната власт, да покажеме еден сосема поинаков пристап во водењето на локалната самоуправа и менаџирањето со барањата и проблемите на граѓаните.  Едноставно да покажеме дека можеме неспоредливо  подобро, побрзо и поефикасно да обезбедиме подобар животен стандард за граѓаните на град Прилеп и руралните средини.

Сметам дека Прилеп тоа го заслужува и дека единствениот пат за да стигнеме до таквите промени е нашиот личен избор.“

Изјава на носителот на независната листа за советници во Советот на Општина Прилеп, Дарко Конески:

„ Добра вечер почитувани новинари, Ви благодарам за вашето присуство, почитувани прилепчани и прилепчанки.

Целите на реформите во локалната самоуправа од донесувањето на законот за децентрализација до денес не само што не се постигнати туку се уназадени до степен на непрепознатливост.

Во изминатите 30 години се потврди дека Прилеп предводен од досегашните политички структури на ВМРО и СДСМ наместо да го зајакнат и унапредат градот, да обезбедат подеднаков третман на граѓаните, да ги зајакнат механизмите на контрола преку кои ќе се гарантира транспарентност, демократија, стабилност и економски развој, тие, Прилеп го претворија во дувло на партиски постави преку кои го остваруваат единствено својот личен интерес и интересот на поединци приврзаници на власта. Советот на Општина Прилеп е продолжена рака на партијата на власт, составен од партиски послушници кои немаат слух за реалните потреби на граѓаните, едноставно советот претставува гласачка машинерија која исклучиво работи во исполнувањето на партиските агенди и личните интереси на поединци.

Нашата програма за развојот на Прилеп ќе биде подготвена во соработка со сите наши сограѓани. Таа ќе претставува патоказ за тоа кај сакаме да го видиме Прилеп после 4 години. Затоа секој наш сограѓанин може да ги испрати своите идеи и проекти на фан страната на Facebook ЧЕ ВРЕДИ! Или на нашата email адреса [email protected]

Советничката листа ќе ја составиме исто така во соработка со нашите сограѓани. Сите Вие кои што сакате да бидете дел од оваа иницијатива било тоа да е да сакате да учествувате како советници или волонтери во нашата кампања, можете да испратите Ваши податоци и контакт телефон на нашата фан страната на Facebook ЧЕ ВРЕДИ! Или на нашата email адреса [email protected]

Ќе ми биде чест како носител на независната советничка листа за следните локални избори заедно со кандидатот за градоначалник Жаре Стеваноски да ги презентираме проектите преку кои Прилеп ќе го направиме место во кое секој ќе посака да ги израсне своите деца и да ја погледне својата иднина.“