(ВИДЕО) Ивановски: Сакаат да го урнат СЈО пред да пушти обвиненија за Груевски

0
474

Петте заробени судии во Уставниот суд прават се да го урнат Специјалното јавно обвинителство пред да почне со најбитните обвиненија во кој ќе се најде и Никола Груевски, смета поранешниот Уставен судија, Трендафил Ивановски, пренесува „А1он“.

– Тодор Петров еднаш ја повлече, но повторно ја активираше иницијативата. Таа иницијатива и одговара на организираната врхуншка на таа забега на власт, или во крајна линија го чуваше како адут во фиока, а со таа иницијатива значи напад на институција СЈО која што треба да се бори и да ја совлада корупцијата и криминалот во државата, вели Ивановски.

Поранешниот Уставен судија вели дека државата оди на распад и дека оваа држава која требаше да ја доградуваме, би ја срушиле во темел.

– Уставниот суд може да поднесе постапка на почетокот, а потоа да оди кон уништување на таа институција, на тие одредби, со што би се создало нешто најцрно што може да се замисли за татковината, вели Ивановски.

 

Изјавата на Ивановски може да ја погледнете ОВДЕ