Почитувани драги пријатели, сакам само да го искажам својот револт за она „Циганите за уши еден по еден“. Како не им е срам, имаат пет политички партии како што викаат, „цигански“, кои слика имаат тон немаат, ќутат таму и не смее никој да гукне зошто рекле „циганите“. Пет партии се со нив. Вели за Ромите во Шутка тие се шампиони, а сега слушаме какви шампиони, „циган по циган ќе ги вадиме надвор“, како не им е срам, се обрати Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР, пренесе А1он.
Слушам вчера и денеска објавува Хорхе вика селективно работела СЈО, па мора да работи селективно, има кој крадел на големо, има кој крадел на мало. Значи, прва селекција сте „А тим“, ќе одговарате вие, а после тоа ќе одговараат тие што краделе на мало, а третите сами ќе се сопнуваат и заедно со нив во Идризово, рече вечерва Самка Ибраимовски.
Почитувани граѓани, ова што го држам во рацеве на Ромски значи „Да бидеме сите јаки и единствени“. Сакам да кажам дека Ромите во Република Македонија се со Шарената револуција, немојте да мислите дека Ромите можат лесно да ги купат. Било некогаш, ќе видиме на следните избори како ќе заврши нивната песна. Од тука сакам да му порачам на тој што се фалел дека и мртвите гласале за неговиот син, на Амди Бајрам, што кажувал дека е Кока Кола, еве од тука кажувам дека јас ќе го направам да биде дестилирана вода, рече Самка Ибраимовски.
Да бидеме сите заедно храбри, достоинствени и верувајте дека финалето е дојдено. Победата е наша, правда мора да има. Мора да има правда, мора да има демократија за Ромите во Македонија, доста е со дискриминација на Ромите во Македонија. Ромите азиланти ми порачуваат тука да кажам зошто отидоа од Македонија, затоа што преварантите Груевски и неговиот тим ги излажаа Ромите и мораа да отидат од тука и таму седат за некој износ од пари кои тука е 10 пати помалку.
Лажењето има крај. И долгометражниот филм има крај, ако се скине ленатата не може да се залепи. Тука се граѓаните, ќе одлучуваат и финалето и победата се наши, рече Ибраимовски.
Видеото со говорот на Самка Ибраимовски може да го погледнете ОВДЕ