Thursday, May 22, 2025
11.8 C
Skopje

(Видео) Зоран Заев: Груевски, заедништво ти се случува, да не те лаже умот да го чепнеш

Добровечер добри луѓе, добровечер гостопримливи луѓе, добровечер Гостивар,

Македонија е исправена пред крстосница на минатото, на сегашноста и на иднината. И затоа денеска таа мора да се соочи со една голема вистина и со една исклучително важна работа.

Таа работа се вика Вистината за Македонија,  E Vërteta për Maqedoninë, Makedonya’nın gerçeği, Истина о Македонији, без разлика како звучи на различни јазици, таа е единствена и неприкосновена. За разлика од вистината, лагата денеска во Македонија има едно име изговорено на сите јазици, се вика Никола Груевски. Како и да го кажувате на кој било јазик, Никола Груевски е лагата во Македонија.

Затоа почитувани пријатели, ајде вака да направиме една паралела.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=HpzTSxsZ2Ng[/youtube]

Ако ви е расипан автомобилот, ќе повикате автомеханичар, ако ви е расипан дома електро апарат, шпорет, електроинсталација, ќе викнете електричар,  ако ви е расипан водоводниот систем, ќе викнете водоинсталатер, но ако власта во државата ви е расипана нема нешто што може да ја поправи, нема чаре од поправка, единствено решение за спас на државата од расипана власт е таа да се најде на буништето на историјата.

Ги гледаме овие 2 ипол месеци, како власта се мачи, се обидува со глупави тези да се спротивстави на Вистината за Македонија. Измислува тактички опреми, не знам какви жолти комбиња, странски служби, па вели разговорите се лепени, прелепувани, креирани, монтирани. Денеска, една од најглупавите тези што ги шират – велат, разговорите се само разговори, а ништо нема во пракса реализирано од тоа што тие го зборувале.

Дали рушењето на Космос е само разговор?

Дали влегувањето во општина Центар е само разговор и не се случи во реалноста?

Дали тендерите и криминалите од милиони евра се само телефонски разговор?

Дали местењето судии и обвинители и неправични и незаконски судски одлуки е само разговор?

Дали разговорите за време на изборите не се нашата сурова реалност?
Дали состојбата во медиумите не е копија на објавените разговори?

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ИРМ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕВН КОЈ И КАКО ЈА ПРЕСМЕТУВА СТРУЈАТА

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци...

БОЖИНОВСКА: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА НОСИ ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ДРЖАВАТА

Законот за енергетика што минатата недела го усвои македонското...

ШОКАНТНО – УЧЕНИК НАПАДНАТ СО НОЖ ВО ДВОР ВО УЧИЛИШТЕ ВО БИТ-ПАЗАР

Фото : Илистрација Соученици нападнале дете во двор во училиште...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ