(ВИДЕО) Зеќири на Телма: Коалицијата на СДСМ со БЕСА е историски момент, покажуваме нови вредности во политиката

0
128

„Не само јас, туку и сите во партијата (СДСМ) и граѓаните се горди што дојдовме до овој момент да коалицираме пред избори. До 2016-та можеше само да се сонува вакво нешто. Другите не веруваа ниту во тоа дека почнаа албански гласови да одат за македонска партија, но се случи. Ова е историски момент кога две партии од различна етничка заедница ќе настапат заеднички на избори. Многу почесно е вака да се постапува, предизборно. Покажуваме нови вредности. И покажуваме дека луѓето полека се ослободуваат и го тргаме оној национализам што беше присутен“ – изјави потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири на телевизија Телма.

Зборувајќи за очекувањата од изборните резултати Зеќири изрази увереност дека коалицијата на СДСМ ќе победи.

„ Ако ја прифатат граѓаните нашата програма ќе победиме. А потоа ќе преговараме со партиите со кои ќе можеме и за кои ќе налага ситуацијата. Ова до сега е принципиелно направено, без уцени. Сфативме дека граѓаните ни се приоритет. Колку повеќе правиме за граѓаните толку стануваме поблиски со нив.“ – оцени Зеќири.