(Видео) Заев: Ќе поднесеме кривична пријава за смислено нудење на поткуп

0
546

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најавува кривична пријава за нудење на поткуп. Како што вели тој, една година некој се обидувал да го мести со нудење на пари и дека се работи се осмислено местење.

– Една година и нешто повеќе се мачат како да наместат давање на пари на претседателот на опозицијата. На сите начини се обидуваат тоа да го направат. Се подготвува кривична пријава која ќе биде доставена од моја страна за осмислено нудење на поткуп и осмислено договарање за местење на поткуп. Ако имаше местење со давање пари тоа ќе беше објавено сигурно од страна на, не би ги нарекол веќе државни органи туку партиски органи, рече Заев.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ZYvFdJZoZsQ[/youtube]

Инаку, струмичкиот бизнисмен Иво Сачевалиев денеска во телефонски разговор за НОВА одбил да ги коментира вчерашните обвинувања на лидерот на опозицијата, Зоран Заев дека власта го користи Сачевалиев за да го намести во монтиран случај за примање поткуп.

11046043_663868590402321_819934600_o

 

На барањето да даде коментар за тврдењето на Заев, Сачевалиев само кратко рекол дека не сака да зборува за овој случај и го прекинал телефонскиот разговор.

И Либертас се обиде да добие коментар од Сачевалиев за случајот.

– Немам денеска никаков коментар, ме бараше и друг новинар, исто му реков – рече тој во телефонскиот разговор.

На прашањето на Либертас дали потврдува дека Заев му побарал мито, како што тврди полицијата, тој рече:

„Не ми е згодно и вас да ви го исклучам телефонот, реков не коментирам ништо“.

Инаку вчера, во моментот додека во Универзалната сала, СДСМ ја објавуваше осмата „бомба“, од МВР во исто време одржаа прес-конференција на која соопштија дека лидерот на опозицијата Зоран Заев бил осомничен за примање поткуп од 200.000 евра.

Според портпаролот Иво Котевски, Заев се сомничи дека од лице барал по 2 евра за метар квадартен за да приватизира градежно земјиште.

– Станува збор за земјиште од 100.000 метри квадратни што значи дека Заев побарал мито од 200.000 евра. Половина барал да му бидат дадени нему, а половина за изградба на црвка во Струмица – рече Котевски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа од Универзалната сала повика да им се оддаде почит на храбрите луѓе на кои, како што рече, им ја должиме вистината за Македонија.

– Се сеќавате дека го повикав Груевски јавно да каже дали има ПИ мерки против лидерот на опозицијата за време на избори. Вчера наврши една година од тоа. Последната година јас сум под ПИ мерки, намерата беше да направат со мене исто како за Љубе , да местат бизнисмен да дава пари за кампања – рече Заев и го објави името на бизнисменот

– Иво Сачевалиев од Струмица од фирмата „Иво“. Денеска и вчера пропадна последната намештаљака што ja сакаа да ја направат само да ја спасат својата глава.

Инаку, кривичната пријава која, додека опозицијата во Универзалната сала објавуваше “бомби“ за изборни измами, ја најави полицискиот портпарол Иво Котевски, според извори на Либертас, е за лицето кое Заев јавно посочи дека преку него сакале да го наместат и уапсат исто како Бошковски.

Нашите извори тврдат дека обвинувањата од полицијата дека Заев барал мито од 200 илјади евра се однесуваат на она што од говорница Заев јавно го кажа – дека цела година преку струмичкиот бизнисмен Иво Сачевалиев се обидуваат да го наместат.

Заев рече дека една седмица знаел дека го притискаат Сачевалиев и дека утрово му се јавил да му каже дека требе да се срами што прифатил да прави такви работи.

МВР според непотврдени информации во кривичната пријава за барање мито можно е да побара притвор за опозицискиот лидер Заев.

Во СДСМ за Либертас велат дека од ваква власт се е можно, но дека ке продолжат да ја шират вистината за Македонија и за режимот кој не бирал средства да се одржи на власт.

Во новинарските кругови синоќа се ширеа гласини дека наводно се повикани неколку подобни за власта новинари, да бидат брифирани дека опозицискиот лидер кому за обвинувањето Пуч му беше одземен пасошот, полицијата ќе се реши да го уапси со обвинување дека барал мито.