(ВИДЕО) Заев ја соопшти листата со кандидати за заменици министри

0
994

Собранието  ја почна расправата за избор на заменици министри во Владата. Премиерот Зоран Заев на почетокот пред пратениците ја соопшти листата со кандидати за заменици министри, посочувајќи оти станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари.

Заев рече дека имал разбирање за неколкудневното пролонгирање на изборот на замениците министри за да има доволно време пратениците да ги разгледаат предлозите.