(ВИДЕО) Заев: Што мисли Иванов, Груевски не е легитимен, а тој е легитимен? Ѓорѓе треба да даде оставка и Македонија да добие легитимен претседател

0
477

Zaev-Veles7-685x320-Да не му падне на памет на Ѓорге Иванов да аболицира изборни криминалци, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев пред велешани попладнето.

Претседателот Заев придружуван од членката на Извршниот одбор на СДСМ, Сања Лукаревска, заедно со општинското раководство на СДСМ во Велес, денеска имаше средби со граѓаните во градот. По низата докази и информации за изборен криминал, во говорот пред велешани, претседателот Заев го оспори легитимитетот на Ѓорге Иванов.

-Стотици илјади гласачи се спорни. За тоа Груевски даде оставка. Што мисли Иванов, Груевски не е легитимен, а тој е легитимен? Ѓорѓе Иванов треба да даде оставка и Македонија да добие легитимен претседател на државата кој ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија, повика претседателот на СДСМ пред бројните граѓани.

Тој рече со срамната одлука Уставниот суд се обидува да ја заштити тесната група на власт за којашто Специјалното јавно обвинителство отвори истрага за злосторничко здружување за изборен криминал, што го потврдија стотиците илјади фантомски гласачи откриени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и уште повеќе од толку спорни гласачи во Избирачкиот список констатирани од Државната изборна комисија.

-Сите ја гласавме методологијата на ДИК за проверка на Избирачкиот список и теренска проверка на фантомските гласачи мора да има, нема отстапки, рече претседателот Заев.

Тој денеска зборуваше со граѓаните на пазарот во Велес и низ центарот на градот со цел да ги слушне проблемите со коишто се соочуваат и да им објасни какви мерки за нив има СДСМ во Програмата.

Оние кои живееле во Рамина, каде се лизгаше земјиштето, се жалат дека и после години живеат под кирии, а актуелната власт не прави ништо проблемот да го реши.

Други се жалат дека живеат покрај Вардар, на незаштитено место, без мрежи, со мали деца, а немаат ни канализација.

Мајка во болка се пожали дека синот и е застрелан, но дека неколку години веќе нема никаква информација за неговата смрт и можните сторители.

Велешани главно зборуваат за големата безработица, за извршителите, за егзистенцијата што се сведува на грчот како ќе го поминат денот.

Претседателот на граѓаните им одговараше да издржат, дека промените се почнати, дека правдата доаѓа, дека на новата одговорна власт што на фер избори ќе добие чест да ја води СДСМ приоритет ќе и бидат потребите на граѓаните, а не тендери за камен и барок, дека сите кои се огрешиле пред народот ќе одговараат, но и дека се што му земале, ќе мора да му вратат.

Граѓаните го застануваа претседателот Заев по улиците да го гушнат, да се фотографираат со него, да му порачаат да издржи, а тој возвраќаше дека од нив ја црпе силата и дека заедно со нив победува демократска Република Македонија.