(ВИДЕО) Заев: Северна Македонија и САД ја потврдија соработката за безбедност на 5G технологии

0
125

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на Соединетите Американски Држави Кеит Крач, денеска потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии.

По потпишувањето на меморандумот, премиерот Заев и Потсекретарот Крач, се осврнаа на важноста од потпишувањето на овој мемораднум, особено што Република Северна Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ и со оние на Соединетите Американски држави.