Лидерската средба во Клубот на пратеници заврши. Во изјавата за медиумите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека средбата била обид да се востпостави рамка за политички дијалог.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ttP_33lgij8[/youtube]
Тој оцени дека тоа не се случило. Средбата продолжува во понеделник.
Заев кажа дека инсистира на оставки и на формирање на преодна Влада како единствен услов за решавање на политичката криза.
-Нормализација е можна само со формирање на преодна Вклада која ќе ги организира предвремените избори- рече Заев.
Лидерот на СДСМ потенцира дека нема враќање во Парламентот, освен ако тоа не е чекор за реализација на договореното, односно формирање на преодна Влада.
-По сите снимки и докази за власта, опозицијата не ни размислува за друга опција освен оставки и преодна Влада – рече Заев.