(ВИДЕО) Заев од Св.Николе до административците: Не се плашете, Груевски не ви дава плата од мајка му Нада, тоа се пари од Буџетот, вие ги заработувате!

0
850

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера во Свети Николе, им порача на определените за промени да подадат рака кон оние кои се изјаснуваат за неопределени и кои не се задоволни од актуелната власт и сите заедно да помогнеме за живот во Македонија.

„Не што не треба да се плашиме, туку треба да сме со кренато чело, да уживаме во оваа кампања. Јас уживам во оваа кампања. Сега кога се е јасно, кога цел свет знае за злоделата што се правени во Македонија, кога и од ВМРО-ДПМНЕ знаат каква мафија е нивната врхушка, што ќе правиме, со пола уста ќе зборуваме? Овие 33% кои не се изјаснуваат како ќе гласаат велат дека Македонија тоне, јасно е дека и тие се за промени, ајде да се изјасниме. Кој ќе ја спаси Македонија”, повика претседателот Заев.

Тој посебно испрати порака до администрацијата, примателите на субвенции…

„Не се плашете, Груевски не ви дава плата од мајка му Нада, тоа се пари од Буџетот, вие ги заработувате. Субвенциите ви се загарантирани со закон. Ако не се изјасниме, ако не се одважиме, со кога ќе остане да живеете во Македонија”, рече претседателот Заев кој зборуваше за масовното иселување што и се случува на земјава.

„И тие се нечии родители, деца, имаат обврска како и ние да застанат рамо до рамо со нас и да гласаат за Македонија“, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Свети Николе оцени дека опозицијата победува на овие избори, но ги повика граѓаните на масовна излезност, за на 11 декември Македонија да добие стабилна, реформска Влада, којашто ќе го спроведе Планот за живот во Македонија.