(Видео) Заев: Не сум во кампот само кога треба да се јавам во суд или кога одам на преговори

0
459

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е постојано во кампот на „Граѓаните за Македонија“ кој беше подигнат вчера веднаш по сенародниот собир.

Тој таму преспива и вели дека не се наоѓа меѓу граѓаните само кога треба да се јави во судот во Струмица како обвинет против кој се водат неколку кривични постапки, или кога оди на преговори со лидерите од останатите партии.

zaev 19

– Рано наутро денеска го напуштив кампот затоа што бев во судот, имам обврска секој понеделник во девет часот да се јавам во судот во Струмица. Во меѓувреме траеја и преговорите, а имав и неопходни состаноци со амбасадорите. И еве ме пак овде – изјави денеска претседателот на СДСМ од кампот пред Владата.

Како што рече тој, ќе остане меѓу шаторите до четири часот наутро кога ќе замине во Стразбур каде треба да се сретне на преговарачка маса со премиерот, Никола Груевски.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=TF7habRiCCE[/youtube]