(ВИДЕО) Заев: На чекор сме до живот за сите во Македонија, уште 37 дена!

0
1195

Создаваме услови за живот во Македонија. Имаме план за живот во Македонија. Граѓаните да имаат квалитетен живот, како и сите граѓани во Европа, бидејќи Вие, ние граѓаните тоа го заслужуваме, а го заслужува и Република Македонија, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Тања Фајон, пратеник во Европскиот парламент и заменик претседателка на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, и европскиот пратеник Кнут Флекенштајн, известувач за Македонија во Европскиот парламент.%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d1%82%d0%b0%d1%9a%d0%b0

На прес-конференцијата по средбата Заев посочи дека тоа СДСМ ќе го обезбеди заедно со граѓаните на Македонија, на фер, регуларни и демократски избори кои што мора да се случат во Македонија и ќе се случат!

– Младите ни заминуваат од државата по Европа, по светот поради тоа што немаат работа, знаат и нашите гости кој што се денеска овде присутни, бидејќи немаат егзистенција тие млади и не гледаат иднина тука. Е тоа е нашиот клучен предизвик како совесни граѓани на оваа земја. Мора да има промени, плаче Македонија за промени. Ова е моментот заедно да создадеме сегашност и иднина за нас, за нашите деца и за државата – рече Заев.

Заев посочи дека сега е моментот за обнова на демократските институции.

– Да ги поставиме на здрави темели разрушените темели на државата по сите основи, економијата, здравството, образованието, демократијата, правдата, од врвно значење е Македонија да добие демократска и легитимно избрана Влада – рече Заев и додаде дека пријателите нс СДСМ од и на земјата од Европа ги поддржуваат заложбите за една нова, светла, перспективна иднина на Македонија