(ВИДЕО) Заев на средба со ОБСЕ: Следуваат реформи на инситуциите за стабилизација на државата

0
811

Изјава за медиуми,

Зоран Заев, претседател на СДСМ 

Скопје, 04.05.2017

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Заврши состанокот со високи претставници на ОБСЕ преку амбасадорот од Виена, кој доаѓа од мисијата за превенција на секаков вид на кризи и ризици. Занете дека последните настани за жал, испратија лоши пораки до целиот свет за тоа што се случува во Македонија и нормално, во едно мултиетничко општество ОБСЕ отвори иницијатива за да биде од помош за нашата земја. Ние одржавме состанок со нив и ги дадовме сите наши погледи околу очекувањата за случувањата во периодот што претстои пред нас како поука или извлечен заклучок од она што веќе се случи во Македонија.

Јас верувам дека ОБСЕ може да биде од голема помош, пред се еден дел од рефомите што претстојат во Македонија се поврзани и со превенирање на кризи, меѓу другото и вакви кризи. Ќе напоменам, реформите во државните институции, во правосудството, реформите во тајните служби, реформите во МВР, па дури и реформите во медиумите, сите можат да бидат од голема помош за стабилизација на земјата, за функционирање на институциите и гаранција дека никогаш повеќе нема да се случат вакви настани. СДСМ како партија од парламентарното мнозинство, стои целосно на располагање и потврдивме офцицијално барање од нас да се вклучи ОБСЕ и да помогне во сите идни процеси, а се во функција да се забрзаат процесите на стабилизација и нормализација на нашата земја.

IMG_9496_1