(ВИДЕО) Заев на отворањето на лидерскиот Самит за Западен Балкан во Софија: Имаме силна и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување со земјите од регионот и треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓани

0
470

Лидерите на земјите од Западен Балкан, учесници на денешниот Самит во Софија во рамките на  Берлинскиот процес, денеска ги потпишаа Декларацијата за заедничкиот регионален пазар за подлабоката регионална економска интеграција и за чекор кон единствениот пазар на ЕУ, и Декларацијата за зелената агенда, кои се изработени и усогласени во годината кога со процесот ко-домаќини се Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Во Декларација на лидерите на земјите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар обединувачката заложба е трансформацијата на регионот во склад со правилата и стандардите на ЕУ, а со цел да се зајакне конкурентноста на регионот за да се приближиме до стандардите на единствениот пазар на ЕУ. За оваа на Самитот во Софија е донесен и Акциски план со конкретни чекори кои на регионалниот пазар ќе му обезбедат да се интегрира во ланците на европскиот и светскиот пазар.