(ВИДЕО) Заев на Канал 5: Во ваква ситуација, Законот вели дека изборите се на 21 јуни, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат страв од избори и тоа не смее да ја заглави државата

0
92

Одржувањето на изборите е важно пред се за здравјето на граѓаните, за економијата, за демократските институции и затоа е вредно да вложуваме енергија како зрели и одговорни луѓе да постигнеме договор. За жал денеска не успеавме да најдеме решение поради страв на Мицкоски од изборно соочување, и во вакави околности, остануваат термините кои се заокружени кои се согласно Уставот, истакна вечерва претседателот Зоран Заев во интервју за Канал 5 Телевизија.

Тој истакна дека мора да се следат и почитуваат законските решенија со кои е предвидено изборите да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба.

-Здравјето на граѓаните е пред се. Ние сме парламентарна демократија и Собранието мора да функционира и да има политичка Влада која ќе носи храбри одлуки. Во вакви околности кога немаме договор, остануваат термините, односно 22 дена од завршување на вонредната сосотојба да се одржат избори. Вонредната состојба завршува на 30 мај, на 21 јуни се изборите. Прашањето не е што сакаме, кога нема договор кога нема договор во секоја земја останува Закон и владеење на правото. Мора да се почитуваат законите, а законот вели изборите се на 21 јуни. Тоа може да се одложи ако се продолжи вондредната сосотјба, но за таа да продолжи мора да има сериозен аргумент. Треба изборите да се одржат согласно законските рокови, истакна претседателот Заев.

Претседателот Заев посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се исплашени од граѓаните и бегаат од изборно соочување, затоа што се свесни за нискиот рејтинг, но тоа не смее да биде причина државата да остане без институции со полн легитмитет.

-Тоа не е причина да ја заглавиме државата. Мора да настапуваме одговорно, во интерес на граѓаните и државата. Ние првично се договоривме да одиме на избори на 12 април, кои ги одложивме заради пикот на коронавирусот. Изборите се веќе распишани, Парламентот е распуштен, кандидатските листи се поднесени и прифатени, имаше и жрепка за бројките на гласачкото ливче… Според нас опозицијата не е подготвена и има страв од избори, затоа што бројките на рејтинзите тоа го покажуваат. Јасно им е и ним дека ние победуваме со убава разлика, но тоа не е причина да ја заглавиме државата, да биде без институции, а ќе бидат потребни заради здравјето на граѓаните и заради економијата и заради демократијата, заклучи Заев.