(ВИДЕО) Заев: Мицкоски покажа дека не го бива за економија

0
293
Во одговор на новинарски прашања, претседателот на СДСМ Зоран Заев, истакна дека државата добро се справува со економските последици а тоа го покажуваат и извештаите на реномирани светски финансиски институции како Светска Банка.
Осврнувајќи се на обвинувањата на Христијан Мицкоски, претседателот Заев истакна дека Мицкоски се води од чисто политички побуди и не нуди никакви конкретни решенија за справување со економската криза.
„Мицкоски покажа дека може го бива за статистика и статистички податоци но за економија сигурно не го бива, прво зборува дека повеќе не блескала македонската економија, не блеска никоја економија во светот. Сите се во рецесија така сме и ние. Тоа само покажува дека се води од политиканство, само тоа го интересира, а се само затоа што се очекуваат избори“, порача претседателот Заев.
 Во однос на економските последици, Заев истакна дека поради одговорните политики во изминатите две и пол години, сега нашата економија подготвена ја дочекала кризата и затоа и последиците се послаби.
„Добро е што сите параметри покажуваат дека ние подобро се справуваме споредено со сите во регионот,второ, меѓу извештаите на Светска банка и на многу други институции се покажува дека кај нас импактот врз економијата ќе биде најблаг. Тоа покажува дека мерките одлучени од владиниот кризен штаб биле вистински димензионирани да ја заштитат здравствената состојба на граѓаните  преку сите рестрикции а при тоа да дадат живот и на економијата, освен неколку дејности кои беа комплетно затворени, сите други сектори живееја. Втората работа е што навремено и подготвено ја дочекавме кризата благодарение што за две и пол години имавме  можност да ја дигнеме економијата од – 1,8 на 3,6 % каде што имавме можност да дадеме подобри плати на лекарите, на медицинскиот персонал, поголеми плати на вработените во социјалната заштита, во образованието,  да дадеме поголеми пензии, сето тоа е зголемена потрошувачка моќ“, оцени Заев.
Тој истакна дека оваа ситуација е шанса за да се реконструира економијата, односно да се искористи повеќе од потенцијалите на неколку сектори кои во моментов не се доволно искористени.

„Земјоделството не е доволно искористен потенцијал и треба да го искористиме, затоа ајде да видиме кои се новите дејности, да го модернизираме земјоделството, да видиме што ново може да произведеме, што има траен пласман. Не ни е искористено доволно ниту сонцето како можност за развивање на „зелена економија“. Мора да работиме и на ИТ секторот и дигитализација и да се движиме во тој правец. Обезбедивме пари за реализација на прв и втор пакет на мерки, еве сега работиме на трет пакет. Тоа само покажува колку е стабилна македонската економија“, посочи Заев.