(ВИДЕО) Заев: Има решенија што се брзи и можни но кои не зависат само од опозицијата

0
267

Премиерот не даде индиции дека е подготвен да поднесе оставка, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба која се одржа денеска во Клубот на пратеници, пренесе А1он.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=Qp7CGAAxpnM[/youtube]

Разговорите траеа четири часа и била дефинирана само рамката на преговорите, но преговорите не отпочнале. Следната средба ќе се одржи на почетокот од наредната недела, а Заев изјави дека на таа средба ќе се продолжи онаму каде се застанало денес. Сепак тој не сакаше ништо повеќе да открие повторувајќи дека Европската унија ќе ја информира јавноста за деталите со цел партиите да им дадат шанса на преговорите.

– Имаме решенија што се брзи и можни но кои не зависат само од опозицијата. Овие решенија би можеле да ја олабават ситуацијата во земјава. Оставки ако паднат значително ќе ја олабават ситуацијата – рече Заев.

Тој додаде дека такви решенија се оставки од првиот јавен обвинител, од раководството на МРТ, како и преодна Влада како потребен исчекор кој ќе ги придвижи преговорите.

Видео – А1он