(ВИДЕО) Заев за ТВ Сител: Трите пакети економски мерки што ги обезбедивме опфаќаат над 730.000 граѓани. Тоа се повеќе од 320.000 семејства. Ја надминуваме економската криза и обезбедуваме заживување, рестартирање на македонската економија и нејзина трансформација

0
353

-Сите три пакети мерки опфаќаат 730 илјади граѓани, тое се повеќе од 320 илјади семејства. Овој пакет на мерки има многу широк опфат, навремено е испорачан, и има за цел поддршка на економијата и на фирмите, помош на ранливите, сиромашните, на оние граѓани на кои помошта им е неопходна.

Платежната картичка е исто така дел од третиот пакет мерки, која овозможува  директна помош од 150 евра кои во рок од 30 дена треба да ги потрошат на домашни произвори или ваучерот за домашен туризам., рече претседателот Заев.
Од мерките за стопанството, претседателот Заев ја издвои директната поддршка на неповратни пари за фирмите.