(ВИДЕО) Заев: Заедно се бориме за нашата Македонија!

0
446

Ви го честитам меѓународниот ден на жената 8-ми март, на сите жени без разлика на нивната етничка, политичка, верска или било каква определба. Оваа година навистина е година на промените, а промените ги носите вие жените. Можеби бев еден од првите коишто реков дека не не бива нас мажите ни дома, ни на работа. И тоа е така. Драго ми е што денеска сите мажи тоа го сфаќаат, рече во своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев на традиционaлниот осмомартовски марш на Форумот на жени на СДСМ Струмица.

Сакам да испратам порака да продолжите со поривот во вашите срца, да се борите не за СДСМ, за нашата Македонија.

Ова е битка за нашата Македонија којашто заедно, во борба предводена од вас, жените, ќе  ја направи нашата земја поубаво катче и за нас, сегашните генерации, но и за генераците коишто доаѓаат.

Сигурно чувствувате дека во овие денови и месеци позади нас, во борбата за подобра Македонија сме вградени сите. Сите сме вградени, а тоа најмногу е изразено кај жените заради тоа што мултиетничкиот признак којшто на оваа борба и го дадовме сиве овие месеци е нешто коешто ни ги топли и грее душите.

Веруваме дека само така заедно и сплотени ќе изградиме подобро, поквалитетно општество за сите.

Ви посакувам лично здравје и среќа на вас, на вашите семејства и на сите жени во нашата Македонија.

Да сте ми живи и здрави!

DSC_1651 DSC_1615 DSC_1591