(ВИДЕО) Заев: До 1 јули ќе биде готов „Патоказот“ што ќе не одведе до преговори за членство во ЕУ

0
810

Отворивме важен реформски процес. Владата на Република Македонија заедно со комесарот Хан прецизираше документ за реформите кои треба да се спроведат, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на разговорите со комесарот Хан и делегациите, пренесе А1он.

Според него, европските перспективи не се повеќе далечност и доколку спроведувањето на реформите тече според планот, Европската Унија на есен треба да даде позитивна оценка.

Премиерот Заев објасни дека се работи за документ со име „Патоказ“, кој до 1. јули треба да се заокружи, односно да се финишира и да се објави во јавност.

Како што кажа Заев, во овој документ се вклучени владеење на правото, слободни медиуми, Рамковниот договор и извештајот на Прибе.

Премиерот очекува следната година земјите членки да се фокусираат на дискусија за влез на Македонија во Европската Унија.

Тој ја повика опозицијата активно да се вклучи во спроведување на реформите.

– Доколку дејстуваме заедно успехот ќе биде заеднички и загарантиран, рече Заев.

ВИДЕО: А1он