(ВИДЕО) Заев до наставниците и учениците: Промените ќе ги дочекаме оваа учебна година

0
1048

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска преку видео снимка им се обрати на учениците, родителите и наставниците со апел да ги поддржат децата во процесот на нивното образование, зашто, како што рече, тие се иднината на нашата држава.

Утре почнува новата учебна година. Бидете посветени, истражувајте, учете, другарувајте. И требате на Македонија. Вие сте сегашност и иднина на нашата земја – рече Заев.

Тој вети систем во кој знаењето, здравјето и вештините на децата ќе бидат на прво место. Тој им вети на наставниците достинствена плата и пристојни услови за работа.

– Ве уверувам доаѓа време без стравови од контроли од лошо екстерно тестирање. Доаѓа време на креативност и слобода на изразување. Промените заедно ќе ги дочекаме уште оваа учебна година! Со успех! – порача Заев во неговото обраќање.