(ВИДЕО) Заев: Додека не влезат сите новинари, не почнувам разговори во Клубот на пратеници

0
423

zaev vl

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на дебатата „Каква Македонија сакаме“ најави дека нема да почне разговори во Клубот на пратеници, доколку не бидат пуштени сите новинари во објектот.

-Утре моите асистенти кога ќе бидат со мене во клубот на пратеници, додека не ми дадат сигнал дека сите новинари се пуштени внатре, јас преговори и разговори не почнувам. Политичарите мора да дозволат прашања и да одговарат на истите, не можеме да велиме дека седмата сила е совеста во општество, како ќе биде таа сила охрабрена ако не смее да поставува прашања.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=2WFWNdwFkLQ[/youtube]

Ова што деновиве се случува со напад на новинари, синоќа беше запален уште еден џип, ова додека имам влијание ќе се залагам сторителите да бидат изведени пред правдата. Одговорност за ваков безобрзлук мора да има, рече Заев.

Според него, со создавање на преодна влада, и во иднина ќе мора веднаш да се создадат независни медиуми.

-МРТ мора да биде целосно независен субјект во државата. Хрватскиот модел е лесно применлив, мора да се гарантира финансиската независност, тој мора сам да носи одлуки во делото на уредувачките политики, и ќе има комплетна целосна независност.
Не смее да се водат цели кампањи на државата, тоа ќе може да го прави преку соопштение, а не да биде начин преку кој ќе бидат корумпирани. Советот за радиодизузија мора да се исчисти од политичко влијание. Ако има независни медиуми, голем дел од работата сме ја завршиле.

Власта треба да биде слуга на граѓаните и треба да стравува од корективот-новинарите, рече Заев.