(ВИДЕО) Заев: Груевски не го разбира повратот на 15% ДДВ затоа што ќе нема проценти за фамилијата!

0
1374

„Не ги следам јас многу настапите на Никола Груевски. Но аналитиката ми кажува човекот од синоќа е преокупиран како тоа ние ќе сме ги враќале парите назад кај граѓаните?

Со 15% ДДВ, со закуп на кровните конструкции за фотоволатици за да има по 150 евра во секое семејство со сите други мерки за да вратиме пари“, рече Зоран Заев.

„И тој вели вака: Ако Заев најде начин како да враќа 15% од ДДВ зошто тоа не го направил во Струмица?

Еј 10 години премиер и плус економист па и магистер по економија? Владата може да го враќа ДДВ-то, не општините да го враќаат!

Но, ајде да му објасниме на Никола Груевски да научи нешто!

Затоа што и народот ќе ја слупне уште еднаш оваа мерка којашто е применета во многу земји и дава резултат вратила многу пари назад кон граѓаните. Почитувани граѓани, сите плаќаме ДДВ кога ќе влеземе во дуќан, за вода, за леб, за прашок за перење, да купиме средства за хигиена, да купиме храна, ни даваат фискална сметка на којашто има ДДВ.

Кога ќе купиме облека за нас и нашите деца ни даваат сметка на којашто има ДДВ. Кога точиме гориво во колите ни даваат сметка на којашто има ДДВ, ќе платиме струја има ДДВ, ќе платиме вода има ДДВ.

Се што плаќаме има ДДВ. Уште воздухот нема ДДВ, се има ДДВ. Е од тоа ДДВ од 18% коешто на 10.000 денари потрошени пари е 1.800 денари, 15% од тие 1.800 денари ќе ги враќаме. Како? За 50 денари секој ќе добие потрошувачка картичка. Кога купува и ги троши парите само ја поминува на апаратот и му се регистрираат на неговата сметка тие 15% од ДДВ. Тоа се 30.000 денари во просек по семејство.

Тоа е уште една плата за секое семејство. Со тие пари се подмирува една кредитна картичка, се враќаат пари кај извршител, со тие пари се купува детска соба на дечињата дома, со тие пари се оди на годишен одмор.

Вредни пари се, тоа се ваши пари.

И сега не му е јасно на човекот како тоа 15% ќе го вратиме? Знаете зошто не му е јасно? Затоа што нема тука проценти за фамилијата?

Има за народот, тој знае само проценти кога има за фамилијата и за неговиот џеб. Никако не му е јасно како тоа проценти ќе се враќаат кај народот. Е нека замине сега во опозиција и нека гледа како. Ќе се враќа процент по процент, пара по пара се кај нашиот народ!

Ја отворив цела вистина.

Мавав директно во чело на криминалците од власта.

Затоа што ми чепнаа по мојот народ, по мојата земја. Можам да имам и фирми и вработени можам да имам и пари најмногу на свет но немам друга земја и друг народ ова е нашата земја и нашиот народ! Ова е Македонија!

Само луѓе што немаат што да понудат шират национализам и квази-патриотизам. Најголеми патриоти политичари во целиот свет се тие што го направиле среќен својот народ што му донеле повеќе богатство во секое семејство што му овозможиле квалитетен живот од секој аспект, здрава и сигурна работа за сегашните и идните генерации. Тие се патриоти луѓе!

Ги слушнавме они колку се патриоти зборуваше и Радмила и пресно ни е целиот овој период. Со Антонио Милошоски од овде спомнуваат Горна, Средна, Долна Македонија.
Ја продаваат и докусуруваат.

Вели и референдум сам ќе спроведам треба да знаат Американците и Европејците оти толку бил он моќен, но мора да дадат нешто повеќе, нешто конкретно. Пари бараат за името македонско! Катастрофа патриоти скраја да е! Да замнат и никогаш повеќе да не се вратат!.

Дајте да се бориме за повеќе пари во секое семејство, за среќа на овие млади деца што ги гледаме, на оваа прекрасна младина што ја имаме овде околу нас.

Да ни остане овде! Внуци да ни носи!

Да живееме заедно да се радуваме на животот“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митинг во Кичево.