(Видео) Заев: Готово е Груевски, не поминува лагата, заврши твоето владеење!

0
515

Дел од говор на Зоран Заев, претседател на СДСМ на собирот во Штип:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=AU7XsMheaLs[/youtube]

Ајде овде од Штип да го прашаме Груевски. Од сето тоа што е презентирано во јавноста, од сите тие, преку 220 разговори коишто ги слушна цела Македонија и целиот свет: Никола Груевски, што од тоа е точно? Што од тоа е делумно точно? Што од тоа е неточно?

Сé е точно, почитувани граѓани. Готово е.

Нема бегање од вистината. Злобата може да ја напаѓа, незнаењето може да ја исмејува, но на крај, вистината секогаш победува. Таа е една и единствена.

Готово е Груевски. Не поминува лагата. Заврши твоето владеење.

Доаѓа времето на слобода, на демократија, на правда, во нашата Македонија.

Ова е борба на сплотен народ. Единствен и по нација и по вера и по етникум. Сите заедно сме сплотени, слободарски,  против врхушката на власта. Заедно сите за исконските цели, слободата и демократијата во нашата земја.

Ајде, сите заедно, здружено, да си ги вратиме слободата и демократијата во нашата земја. Ајде сите заедно, здужено и сплотено, да бидеме горди граѓани на демократска Македонија.

10314492_10153336340762932_3638275421152300287_nst 3 10408700_10153336351812932_5842292625487579349_n 11149497_10153336344857932_5296865673687417178_n 11150388_10153336330842932_3821816177850262143_n