(ВИДЕО) Заев: ВМРО-ДПМНЕ е влезена во тежок криминал за претседателските избори, да се истражат донациите на Орце Камчев

0
651

Нека се објави се во врска со Рекет, јас не сум вмешан. Сакаме ветинг и брзо продуцирање кадри за судството. Покачувањето на платите не е предизборен поткуп туку реален одраз на успешните политики на оваа влада. Прашањата со Грција и Бугарија ќе се решат низ договор. Ова се дел од поентите во неделното интервју за Слободна Европа со премиерот Зоран Заев, кој наведе и дека не го прочитал сега веќе повлечениот закон со кој се ограничуваа правата на протести во земјата, пред да се усвои на влада и да влезе во собраниска процедура.

-„Рекет“ не може да се случи без знаење на премиерот ако премиерот е автократ и ако има контрола врз сите процеси во државата. Таква работа веројатно немаше шанса да излезе на површина ако се случуваше во времето на Никола Груевски. Во таквите случаи обично врхушката на власта ќе ги собереше парите, но сега премиерот го пријавува случајот, јас самиот го пријавив самиот случај и тоа беше јасно кажано и од обвинителството и од сите. При еден ваков случај на вака отворена и транспарента постапка, еве ги сите работи на повидок. Испадна дека на крајот тоа што го слушаме од медиумите како разработуваат одредени материјали, дека Орце Камчев којшто е вклучен во ваквиот случај на давањето поткуп, или како што некој вели рекетирањето, испаѓа дека тој давал сериозни донации за ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е влезена во тежок криминал, и тоа на последните избори кога се конструирал самиот случај Рекет. Јас би сакал таков вид на истрага да се отвори до крај за да ги видам основите. Како тоа 400 илјади евра, кога законот вели дека правен субјект може да донира до 30 илјади евра. Порано тоа ВМРО-ДПМНЕ го правеше со медиумите, кога должеше три милиони евра. Сега испаѓа дека истото тоа се случува. Зоран Заев е пријавител на случајот, Зоран Заев не е под истрага, ако има што било поврзано со овој случај, сакам да биде обелоденето, вели Заев.

Порталот НОВА објави дека ВМРО ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Сиљановска, а сметката им е затворена.

„Во графичкиот приказ на сите приливи и одливи од наменската сметка на ВМРО ДПМНЕ за претседателските избори се заклучува дека поголем дел од долгот или околу 350 илјади евра е кон печатницата „Полиестер Деј“, додека остатокот е кон „ОК Медиа“, фирма во чија позадина е, исто така, Орце Камчев, а се занимава со издавање рекламен простор на билборди и паноа. Истражувањето не доведе до податоци дека печатницата имала обврска да испечати 270 илјади маици во црвена, жолта и бела боја, наменети за изборите. Со оглед дека печатницата за кратко време не можела да ја набави потребната количина, морала да купи 100 илјади маици од МОНТ (Орка Холдинг), можеби единствената фирма која имала толкава залиха. Така, уште една фирма на Камчев влегува во рекламната шема на ВМРО ДПМНЕ покрај ОК Медиа, пишува НОВА.

„Правниот субјект регистриран за избори (ВМРО ДПМНЕ н.з.) има склучено договор со Полиестер Деј, а кои се добавувачите на таа компанија за нас е непознато. Тоа се деловни политики на трет субјект кој не е дел од нашиот договор“ – се оградува Јанушев од МОНТ на Камчев во изјава за НОВА.

Повеќе за случајот кој го отвори порталот на следниот линк.