(ВИДЕО) Заев: Армијата на Република Македонија и Армијата на САД се партнери во обезбедувањето на мирот

0
1079

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и делегација на мисијата на НАТО во Република Македонија, придружувани од амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска на Криволак извршија увид во вежбовните активности на заедничката воена вежба на Армијата на Република Македонија и вооружените сили на САД, насловена како „Драгун Гардијан 17“.

Во рамки на оваа вежба на армискиот полигон Криволак, инженериските единици на двете армии градат писта за беспилотни летала, која е прва од овој вид во Република Македонија.13

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев и Амбасадорот на САД Џес Бејли, ги поздравија заедничките активности на армиите, и ја потврдија стабилната соработка меѓу двете земји во однос на заедничките воени активности, во мировните мисии кои се одржуваат низ светот.

Заедничка констатација од оваа посета е дека ова е уште еден доказ за доследната определба на Македонија за исчекор кон полноправно членство во НАТО алијансата.

– Мене ми е посебно задоволство што војниците, вака учествувајќи во заеднички вежби, го отвораат и патот, на нашата Република Македонија, кон полноправното членство во НАТО. Јас сум горд заради тоа што, рамо до рамо, со добро истренирани војници од американската армија можат да ги спроведуваат сите активности – истакна во изјавата за медиумите премиерот Заев.

Овие вежбовни активности испраќаат уште една, многу вредна порака, а тоа е порака на соработка за обезбедување на мир во светото и за сите граѓани, додаде премиерот Заев во оваа прилика.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, за време на оваа посета истакна дека во соработка со Министерството за одбрана и Собранието на Република Македонија, се подготвува зголемување на буџетото на армиијата за да се создадат услови за подобрување на интероперабилноста на АРМ.

Оваа воена вежба започн со серија на вежби во Германија, каде што инженерите од двете армии имаа слични активности како оваа во Криволак, кои потоа продолжија во Романија и Бугарија, по што конвојот пристигна и во Македонија. 12 11 10 9 8 7 5 6 4 3 2 1 13