(ВИДЕО) Заев: Ако новата влада мандатот не го заврши со најниска плата од 16.000 денари, нека не се појавува пред граѓаните

0
759

Како би било кога би купувале облека според вкус, а не според пари, кога би можеле сите да одите на одмор?

Ништо ова не е екслузивно право, секоја има право на дoстоинствен живот. Кога еден е гладен, а друг прејаден тогаш просекот не е дека се сите најадени. Нема ндивидуална среќа без колективна среќа. Нам ни се особоено важни најзагрозените. Најниската плата е 9000 денари, уште од првите шест месеци од новата влада тоа мора да се промени. Најниската плата ќе ја зголемиме на 12.000 денари, а ако мандатот новата влада не го заврши со најниска плата од 16.000 денари тогаш нека не се појавува повеќе пред граѓаните, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев презентирајќи го Планот за Македонија.

Тој најави помош за сите фирми, кои според него доколку работат добро и граѓаните ќе имаат корист.

– Ако имате платен и мотивиран работник кој не носи вреќа со проблеми, и успехот на компанијата ќе биде поголем. Во првиот месец од зголемување на платата, ќе има парична помош за фирмите, не да чекаат, туку веднаш, да може да работат и да имааат плата. Ќе имаат веднаш поврат за бруто исплатена плата.

Ние нема да се расфрламе по камења и палми, 300 до 400 милиони евра годишно краде оваа власт, секоја трета фирма има блокирана сметка поради казните од неколку илјади евра.

На оваа земја и треба и инфраструктура, болници, градинки запто е опустошена од оваа власт, но секакви успеси на овој план се залудни ако имаме граѓани кои се во тешка ситуација.

„Човекот пред се“ е наслов на планот за Македонија. Македонија е една од најсиромашните држави во Европа.

Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата. Среќавам една мајка вели живеам со 2500 денари социјална помош. Како да се живее со толку пари во месецот? Луѓето се заробени во сиромаштија. Ќе обезбедиме паричен надомест, ќе им обезбедиме на луѓето, рече Заев.

Тука на дланкава е мојот личен траг кого копав по нивите, ја кревам оваа дланка и ви ветувам, земјоделецот ќе ја добие заслужената почит во општеството. Ние не ве гледаме како бројки, туку како луѓе кои одгледуваат земја и стока. Чувме сите за нелојалната конкуренција, ќе ви ги обезбедиме сите услови да продавате, да уживате во вашиот труд. Со сегашната даночна политика повеќето земјоделци го плаќаат овој данок, ќе ги задржиме земјоделците во руралните средини, младите земјоделци до 35 години ќе ги ослободиме од закуп на државна земјоште, ќе формираме инвестициски фонд, рече Заев.

Во Македонија не може да ги дозоволиме овие уништувачки политики ниту ден повеќе. Не сакаме младите да ги гледаме преку скајп. Младите мора да имаат 10.000 евра државна помош за свој бизнис, да не земаат кредити. Бесплатна архива и сметководство, зошто да нема основање фирма со само едно евро? Ќе го направиме тоа, за секој да биде спокоен за егзистенцијата. Овде во нашата Македонија, рече Заев.
Би се вратиле сите назад од странство, ако држаата им даде шанса, ќе обезбедиме 22 милиони евра за активни мерки за вработување, сумата ќе расте секоја година за на крајот да биде 33 милиони евра. 64.000 нови работни места за еден мандат, рече Заев.

Ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата, РДТ ќе ја укинеме, извршителските трошоци ќе се намлат , преку локални сервиси помош за самохраните родители, еднородителски семејства ќе ги ослободиме од давачки, социјалните станови ќе прераснат во колективни станбени заедници управувани од локалната самоуправа, рече Заев.