(ВИДЕО) Заев: Ако не стигнеме да договориме влада до понеделник, барем да го укинеме екстерното тестирање

0
1105

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска посочи дека една од причините поради кои се брза со составување влада е укинувањето на екстерното тестирање, чиј прв испит е закажан за 5 јуни.

– Јас знам дека една од вредностите за која се бориме сите, се децата, младите, идните генерации. Еден од императивите во овие разгвори е ако не бираме Влада до понеделник, барем да го укинеме екстерното тестирање, верувам дека тоа ќе направи една слобода и кај нас родителите и кај наставниците и кај некој од децата, затоа што укинувањето на екстерното тестирање, после полагањето на испитите не ја врши својата улога, тоа е наше изборно ветување, изборно ветување и на другите партии, партиципиенти во владата, го имаат во своите програми. Еве да го сфатиме понеделник и во овој дел, дека е позитивен дел, ако бидеме подготвени, јас сум подготвен да дебатираме за Влада и во понеделник, ако навистина ги заокружиме сите работи. Така да навистина понеделник ќе биде почеток на една недела за едни убави моменти за сите граѓани, генерално Република Македонија, верувам дека наредната недела ќе ја добие новата реформска Влада – рече Заев вечерва.