(ВИДЕО) ЖЕСТОК судир на Жерновски со искубаните кокошки на Грујо: И по труењето на децата, ВМРО-ДПМНЕ ја брани Костадинова, нивниот партиски кадар

0
1162

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски жестоко реагираше на расправата во Центар за случувањата во училиштето “11 Октомври“ и труењето на децата, откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на директорката , Даниела Костадинова. Тој кажа дека образование не може да се води со партиски кадри и да се застанува во нивна одбрана кога лошо ја извршуваат работата. Според него, 11 Октомври е единствено училиште кое има низа недостатоци во менаџирањето, а последно беше труењето на децата. Како доказ покажа фотографии на директорката во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува А1он.

unnamed3-685x320

Тој кажа дека за него е чудно што ВМРО-ДПМНЕ избрале стратегија да застанат во одбрана на директорката и да кажат дека се е во ред во училиштето.

-Сите други се виновни освен оној кој менеџира со основното училиште. Родителите, учениците, сите затруени, се е во ред според вас , ама вие сте добар менаџер, и рече на директорката Жерновски.

Тезата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека нема ништо во тоа училиште, и поради тоа нема вина на менаџерскиот кадар е апсолутно погрешна. Изборот кој од вашата советничка група ќе ги изложи аргументите е крајно чуден, наместо советничката да се изземе од гласање и дискусија зашто е вработена во училиштето, таа е носечкиот дискутант на советничката група, рече Жерновски за советничката Елена Петковска.

-Кој оценил дека таа треба да дискутира со оглед дека е вработена таму во училиштето и е советник во општина Центар. Тука паѓаат тезите во вода за наводна департизација на образованието.
Зборувате за сегментот кога не го ставив мојот потпис на одлуката. Никој од нас не го кажа првиот дел од поставување директор на “11 Октомври“, а тоа е дека од девет члена на училишниот одбор имаше десет гласа. Што се случи? Имаме основно училиште каде е дозволено на еден член на училишниот одбор да гласа повеќе пати.

Јас на таков докумет потпис не ставам, тие што ставиле потписи ќе одговараат, но не во ова судство, туку во друго, објективно. Министерот го стави потписот и еве каде дојдовме, рече Жерновски.

Тој укажа дека училишниот одбор не нашол за сходно и покрај труењето да свика состанок.
-Сите знаеме зашто е тоа направено, а цела држава зборува за “11 Октомври“. Вечерва ќе се одржел после седница на Совет, зошто, знаеме многу добро.
Денеска имаше полиција во училиштето да се види што се случува со книгата на излезни на фактури, слушнав дека денеска е забележан проблемот, а на сите ќе ви биде доставен податок дека е пријавено на 27 август.
Ова веќе е прекршок по неколку закони за кој се одговра. Има едно училиште кое по истечениот рок на 18 овој месец за преглед на број на вработени, преглед на број на ученици, кое се уште ги нема доставено барањата до министерството. Кое училиште, вашето директорке. Тоа може да доведе до блокада на исплата на платите и ние го доставивме документот без податоците од “11 Октомври“ и рече Жерновски на директорката.

Имате проблем околу одвивање на наставниот процес, околу кадрите, проблем со хигиената, со менаџирањето на училиштето –и тоа е ставот мој како градоначлник и ќе постапам согласно тие согледувања, рече Жерновски.

ВИДЕАТА може да ги погледнете ОВДЕ