(ВИДЕО) Жерновски: Со чист список Груевски не може да победи

0
990

– Доколку се има вистинска желба, доволни се и шест месеци, за прочистување на избирачкиот список. Инаку со ваков список, не може да се оди на избори, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

andrej1juli-685x320-540x252

Тој потсети на локалните избори во Центар, кога граѓани од соседна држава, гласаа за градоначалник и советници во Центар, но рече, и на последните претседателски и парламентарни избори, повторно гласаа гласачи од Пустец.

„Најважна е волјата. Јас не гледам волја кај власта. Со чист список и со фер правила Груевски знае дека не може да победи.

На Груевски не му е важно до кога ќе остане. Варијантата на Груевски е само тој да остане, а по извештајот на Прибе тоа не смее да се случи. Мој став е дека Груевски веднаш треба да си замине. Главен мотив на Груевски не е нов мандат, туку да остане слободен“, изјави Жерновски.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watchv=AALHHacI67c[/youtube]