(ВИДЕО) Елена Костова: Нов Клинички центар во Скопје нема, но затоа има целосен хаос во здравството

0
863

537-735x383Изјава за медиуми на д-р спец. Елена Костова, Комисија за здравство

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите!

Две и пол години од најавениот нов Клинички центар во Скопје до денес остана само добро спакуваната 3-д анимација и ништо повеќе.
Заврши театарската претстава за проектот тежок цели 70 милиони евра чија изградба најавија дека ќе биде финализирана во 2017 година.

Груевски повторно излажа. Нов Клинички центар во Скопје нема, но затоа има целосен хаос во здравството.
Помпезно, екс премиерот Груевски и неговиот пулен, министерот Тодоров во јануари 2014 година го најавија започнувањето на изградбата на новиот Клинички центар -Мајка Тереза во Скопје.

Откако ја срушија старата зграда на Клиниката за гинекологија, багерите ископаа дупка којашто се претвори во огромно мочуриште.

Италијанската проектанската куќа „АРЕН СРЛ“ ги доби своите 1,3 милиони евра за изработка на проектот, а народот остана излажан дека ќе се лекува во најсовремена клиника градена по европски стандарди.

Притоа, се дозна дека архитектот од проектанската куќа бил двапати апсен и осудуван за проневери поврзани со изградба на болници и старечки домови во Италија.

Знаела ли власта за минатото на човекот кому му беше доверена изградбата на објект со површина од 62 000 метри квадратни?

Склучи ли власта на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски, уште една криминална зделка?

Дали е тоа причината што досега Банката на Советот на Европа не го одобрила кредитот за изградба на новиот Клинички центар?
Груевски и Тодоров нека го остават обезбедувањето и нека се обидат да се пробијат во хаосот предизвикан од раскопаните непроодни улици и дупки и да добијат здравствена услуга во некоја од клиниките!
Често пати, итните случаи и пациентите кои се во живото-загрозувачка состојба чекаат во амбулантните возила да бидат примени во клиниките, а членовите на нивните семејства се растрчани по околните аптеки да набават неопходни лекови, или медицински потрошен материјал што е спротивно на Законот за здравствена заштита.
Гатачки и бајачки нема да го разрешат хаосот и патешествието на македонските граѓани во урнисаното јавно здравство!

Правдата ќе се врати. За секој сторен криминал ќе се одговара.
По демократските промени, новата демократска влада предводена од Зоран Заев, ќе обезбеди подобри услови за лекување во клиниките, поголеми плати за докторите и за целиот здравствен персонал, како и квалитетно и достапно здравство за сите.