Еден од најактивните македонски бендови, The Goverment го објави видео спотот за темата “Rain”.
Спотот е во режија на младата и талентирана режисерка Хана Миленковска, а во него главните улоги ги имаат професионалните танчери Валентино Апостоловски и Андријана Андреева. Во спотот се појавуваат и момците од бендот.
Зад камерите застанаа Мартин Поповски, Томи Мм и Златко Никодиновски, додека монтажата е дело на Кети Талевска, Мартин Поповски и Златко Никодиновски.