Јонче Јакимовски, сообраќаен полицаец од П.С Крива Паланка.
Кривопаланчани го знаат како човек кој многу често знае на работното место да биде во алкохолизирана состојба, бидејки како што самиот вели, никој ништо не му може.
Секогаш кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, тој е сообраќаен полицаец. И во периодот 1998-2002 и од 2006 па се до ден денес.
Најверојатно, блиските роднински врски со поранешниот градоначалник на општина Ранковце и сегашен раководител на подрачната едница на УЈП во Кр.Паланка, се причина овој полициски службеник да ги ужива овие привилегии.
Еве до каде е дојдена состојбата во П.С Крива Паланка, да сообраќајни полицијци конзумираат алкохол по партиски штабови и кафеани во униформа и никој од нив да не сноси одговорност. Напротив, истите тие вршат алкотест на останатите учесници во сообраќајот.
Прашуваме: Каде е внатрешната контрола во МВР и дали и после вакви несоборливи докази ќе продолжи да биде глува и понатаму ќе ги остават овие полицaјци да ја брукаат службата и продолжат да бидат дел од сообраќајната полиција?
[youtube height=”500T” width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=34yrCPuUgeo&feature=youtu.be[/youtube]