(Видео) Еве како Мијалков можел „да се снима самиот себе“

0
738

Откако вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави снимени разговори од кои се гледа директен притисок на извршната врз судската власт, што е прекршување на Уставот, една од главните тези во провладините медиуми беше за снимката на која зборува директорот на УБК, Сашо Мијалков.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ZTrR83xcaOU[/youtube]

„Денес Заев посочува дека Мијалков обавил разговор од кој јасно се воочува дека сигурно не е снимен по наредба на самиот Мијалков бидејќи од разговорот се гледа дека Мијалков е човекот кој се јавува , и отука е многу сигурно дека доколку би имало било какво прислушкувае за какво што обвинува Заев е сосема нелогично самиот шеф на УБК самиот себе си да се прислушкува. Ова уште еднаш потврдува дека Заев ги добил материјалите од странски центри кои што имаат интрреси спротивни на Република Македонија, а чиј инструмент е Зоран Заев. Со тоа се покажува дека цел на тие странски центри бил токму директорот на УБК Сашо Мијалков и затоа бил прислушкуван“, стои во текстот кој се копира од еден на друг провладин медиум.

Заев во интервјуто за Алсат-М објасни дека единствени од врвот на власта чии телефони не биле прислушкувани се тие на Груевски и на Мијалков, но, како што кажа, се снимале и нивните разговори, кога тие ќе се јавеле на некого. Тоа во вчерашниот случај би значело дека се прислушкувал телефонот на Муса Џафери па преку него и Мијалков „се фатил“ во мрежата на прислушкување.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ubNpEmdkbsM[/youtube]

Интересно е дека провладините медиуми досега не објавиле ниту една од снимките, ниту првиот, ниту вториот пат, а кршењето на Уставот преку незаконското прислушкување на над 20 илјади граѓани и преку притисокот на извршната врз судската власт не било тема во нивните вести.

Слушнете ги и сите останати разговори од вчерашната прес конференција на СДСМ:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=fHZSwP6UiMo[/youtube]