(ВИДЕО) ДУШКО ВЕСКОВСКИ ПРЕД МЕДИУМИТЕ ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ВИЗИЈА ЗА ЕВРОПСКИ И МОДЕРЕН КАРПОШ СО КОЈА ВИЗИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА ОВАА ОПШТИНА ЌЕ СЕ ГОРДЕАТ

0
154

По повод отпочнувањето на кампањата за престојните локални избори 2021г.                                    кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ и коалицијата Душко Весковски, организираше брифинг со новинарите.

На оваа средба обете страни имаа можност да се запознаат лично, но и со програмата на кандидатот за градоначалник.

На средбата беа истакнати најважните поенти од програмата на кандидатот.

Како главни ги издвојуваме

  1. Нов голем зелен парк – Карпош 4
  2. Зголемување на енергетската ефикасност и намалување на загаденоста
  3. Високо ниво на комунална хигиена
  4. Одржување и зголемување на зелените површини
  5. Заштита на природните водени ресурси
  6. Изградба на две нови градинки и реконструкција на постојните капацитети
  7. Детска заштита, образование и култура
  8. Зголемена соработка со бизнис секторот
  9. Економски развој на Карпош
  10. Планска хуманана урбанизација кон Злокуќани и Бардовци
  11. Инфраструктурни проекти
  12. Вертикална и хоризонтална сигнализација
  13. Нови велосипедски патеки
  14. Обнова на урбаната опрема
  15. Карпош ФИТ – програма
  16. Здрави млади, здрава иднина
  17. „Паметна општина“
  18. Дигитализација и зголемена оперативна ефикасност
  19. СЕКОЈ Е ВАЖЕН
  20. Подобрување на односите меѓу заедниците
  21. Изградба на катна гаража околу ТЦ Лептокарија

23.Решение за проблемот со паркирањето

  1. Младински центар во Општина Карпош
  2. Поддршка на младите и културен развој
  3. Отворање на Канцеларија за млади
  4. Поддршка на младите и културен развој
  5. Субвенционирање на еколошки превоз за млади
  6. Заштита на животната средина и здрав живот
  7. Заштита на социјално загрозени лица
  8. Совет за социјална заштита и висок степен на инклузија
  9. Формирање Совет на жени
  10. Поголема имплементација на концептот за родова еднаквост
  11. Форум за редовна комуникација со пензионерите
  12. Поддршка на културните и просветните работници.

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ и коалицијата, воден од мотото на кампањата ,,Најдоброто за Карпош,, ќе води позитивна кампања, со почит и разбирање за потребите на граѓаните. Ќе води позитивна кампања и на сите настапи со своите противкандидати водејќи транспарентна дискусија и претставување на својата програма.

Во духот на фер и демократски избори, на сите противкандидати им посакуваме среќа.