(ВИДЕО) ДРАМА ПРЕД ДИК, ГРУЈО ГИ МОБИЛИЗИРА ЛЕБАРКИТЕ БУЏЕТАРИ А ПОТОА НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ГИ СМЕСТИ ПОВТОРНО ПО БОЛНИЦИ ДА СПИЈААТ

0
1688

Бројот на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои протестираат пред Државната изборна комисија се зголемува од минута во минута. Во моментов, стотици граѓани скандираат и пеат пред седиштето на ДИК.

Додека трае седницата на ДИК, толпата скандира „Уа”, „Лопови” и „Никој ништо не ти може Никола”. Тие пеат песни и вијат македонски знамиња, а до сега тука ечеше „Излези момче право на тераса”.

Пред зградата на ДИК има поставено ограда, а има и зголемено присуство на полицијата.

Во ваква атмосфера, ДИК одлучува по приговорите на СДСМ и БЕСА, кои можно е да ја променат распределбата на мандатите. ВМРО-ДПМНЕ е на улица за да не дозволи никој „да им ја укради победата”.