(ВИДЕО) ДРАМА НА ТЕЛМА – ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ ПОД НОВА ЗАСЕДА: МАРЈАН ЃУРОВСКИ ОТВОРЕНО ЈА ПОСАКА НЕГОВАТА ФОТЕЉА А ПАК БОБИ ХРИСТОВ ДВА СААТА ГО МАЛТРЕТИРАШЕ ЗАТОА ШТО НЕ ДРЖЕЛ СЕКОЈ ДЕН ПРЕСОВИ И ЗАТОА ШТО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА БРОЈОТ НА НОВО ЗАРАЗЕНИ СЕКОЈ ДЕН ИЗЛЕГУВАЛ ВО РАЗЛИЧЕН ТАЈМИНГ?!?!

0
2368

Професорот Марјан Ѓуровски се прогласи за најголем стручњак и аполитичка личност, иако човекот се вивна во професијата поради тоа што му беше личен потрчко на Бучковски кога овој беше премиер, па од новинар стана шеф на кабинет и буреконосач на Бучковски, за сега во емисија сам да се предложи за достојна замена за генерал Ангелов во фотељата директор на управата со управување со кризи.

Боби Христов пак два саата урлаше во емисија! Зошто? Затоа што Ангелов не држел пресови секој ден и затоа што извештаите за број на ново заболени не излегувале секој ден во исто време?!?!

ДРАМА ЧОВЕЧЕ!