(Видео) ДПМНЕ му се осветува на Генерал Ангелов : Власта ја принуди мојата сопруга да ја напушти работата!

0
549

 

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов обвинува дека власта и се одмаздува на неговата сопруга вработена како самостоен инспектор за финансиски криминал во СВР Скопје, врз која неколкупати намерно биле вршени притисоци на работното место, пренесува stojance-angelov

Таа била испратена на работни задачи во Танушевци, Малина Мала, но и да ја обезбедува новогодишната манифестација на плоштадот во Скопје.

Ова според Ангелов биле намерно конструирани наредби за да се заплаши и да се омаловажи неговата сопруга, па поради тоа таа била приморана сама да поднесе барање за напуштање  на работното место во полицијата.