(ВИДЕО): Договор за изборната регулатива мора да има до 6-ти

0
1153

Zaev-540x338

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по промоцијата на „Визијата за Македонија“ денеска одговараше и на новинарски прашања.Тие бра поврзани со прокетот, но и со актуелните политички прашања.Дел од нив се однесуваа на преговорите меѓу партиите и роковите дадени во договорот од Пржино, но дел се однесуваа на судските процеси што се води против Заев.

Во врска со истекувањето на рокот за постигнување договор на работните групи за дел од договореното во Пржино, Заев рече дека се надева дека ќе биде постигнат договор.

– Денеска сме 5-ти утре е 6-ти, очигледно ќе биде пак 5 за 12. Прво, бегање од договорот нема и мора да се спроведе во целост. Тоа што се случува на преговорите повеќе е заобиколување, купување на време, барање на паузи, повторно отворање на веќе затворени работи, се со конечна цел, да се купи повеќе време од страна на нашиот политички противник. Секако дека договор за изборното законодавство, на 6-ти, мора да се постигне и од тоа бегање нема. Жалам што во последни моменти тоа ќе се случува како што беше и со Специјалниот јавен обвинител – рече Заев.

Заев посочи и дека очекува избирачкиот список да биде прочистен на транспарентен начин.

– Не навлегувам во деталите затоа што неколку пати се соопштени нашите ставови. Целосна проверка на Избирачкиот список во Република Македонија мора да се случи. Нашите ставови се тоа да биде на еден транспарентен начин којшто ќе ја даде конечната цел а тоа е кредибилен избирачки список за граѓаните на РМ. Не за Заев, Груевски, Ахмети или Тачи, за граѓаните на Република Македонија. Знаете сите дека и според официјални статистики некаде околу 1 милион 650 илјади граѓани, вкупно, има Македонија коишто во моментов се во државата, останатите заради мигрирањето се надвор од државата. На последниот избирачки список имаме 1 милион 780 илјади гласачи. Сите знаеме дека проверка, прочистување или ревизија на Избирачкиот список мора да се случи – рече Заев.

Во врска со персоналните решенија за техничката влада Заев изјави дека во СДСМ процесот се одвива и дека решенијата ќе ги има во соодветен момент.

– Консултираме граѓански организации, консултираме и луѓе интелектуалци и ќе трае сигурно уште одреден период, знаејќи дека решенијата излегуваат пред Парламентот, на 20 октомври, согласно договорот од 15 јули. Досега она што е дефинирано се правно формалните аспекти на влегување во министерствата на доволно ниво за да може и опозицијата да биде гарантор во делот на спроведувањето на спроведувањето на фер, демократски и регуларни избори, а секако, и активен чинител во имплементацијата на оние работи согласно преговорите коишто траат за реализација на договорот од Пржино, во нивната конечна имплементација.Решенијата ќе ги имаме во соодветен момент, ќе бидат согласно она коешто е договорено од 15 јули во Пржино. Се уште немаме одлуки за кадровски решенија – рече Заев.

Заев не сакаше да ги коментира одлуките на судовите во врска со случаите кои се водат против него.

– Јас не би навлегувал во коментар на судски пресуди, но она што сакам да го кажам, а истовремено и да потсетам, будејќи го проектот Вистината за Македонија, имаше една канонада на напади директно врз Зоран Заев, а со тоа и врз Социјалдемократскиот Сојуз и опозицијата. Таа канонада на напади беше проткаена со огромни проценти на клевета и навреда од поединци. Секако, штитејќи го мојот образ и дигнитет, а со тоа и образот и дигнитетот на СДСМ, отворив тужби против вакви лица. Денеска имаме и втора пресуда за нарушување на чест и углед врз моето име, коешто секако, е објавено во процедура донесена согласно законот. Не би сакал да толкувам било што дали се случува во судството или не, посебно низ личен пример. Јас сум политичар. Дај Боже тоа да го почувствуваат граѓаните дека оној што бара правда ќе ја добие, оној што е виновен ќе биде казнет. Тоа е тоа коешто секое слободно и демократско општество мора да го прави, а граѓаните го очекуваат. Во оваа борба за слобода и демократија и европски вредности, меѓу другото беше и борба за правда. Се надевам дека пред сé, граѓаните коишто бараат правда, а се правични, ќе добијат правда. За мене оваа финансиска надокнада од некни од Штип или од денеска од Струмица, не ми значи ништо. Целосно ќе ги донирам средствата во хуманитарни цели. За мене е важно што некако е овозможена морална сатисфакција на она што значи нарушување на чест и углед пред граѓаните пред коишто настапувам како политичар, барајќи ја довербата нивна, градејќи ја со она коешто јас и СДСМ го работиме. Така да, најмногу што можам да кажам, нека биде искра надеж дека Македонија ќе го доживее денот кога ќе има правда за секој правичен и казна за секој што се огрешил во законот. Ако мислите дали ова е тоа што го чекаме, не е. Зоран Заев е во прашање и тој е политичар. Кога граѓаните тоа ќе го констатираат, тогаш е тој ден којшто сите го очекуваме – рече Заев.

Во врска со проектот „Визија за Македонија“ во кој се предвидува да нема отпуштање на администрацијата Заев посочи дека

– Сите оние земји од поранешниот источен блок, денеска членки на ЕУ, и до ден денеска и ЕУ применува модели т.н. економско-оперативни, социјални системи за успешна, ефикасна и ефективна јавна администрација. Тоа не значи бркање на луѓето од работа. Тоа значи ставање нивно максимално, на места каде што ќе бидат ефикасни и ефективни, каде што постојат неопходни потреби во општеството, па на крајот на денот да бидат административни асистенти на домашните инвеститори во делот на административните постапки, е ефикасност и ефективност во нивното работење. Ние рековме дека ова не смееме да дозволиме никогаш повеќе да се повтори, меѓу кои, да не се повтори никогаш партиско бркање или партиско вработување. Македонија мораме заедно да си ја градиме. Постојуваме на ова и еве јавно го обелоденуваме пред сите граѓани – појасни Заев.

Заев ја прокоментира и изјавата на Љубчо Георгиевски во која тврди дека опозицијата е исто криминизирана како власта.
– За делот на обвинувањата, јас не сум ги слушнал, но да претпоставиме дека се така. Зарем мислите, ако имало криминал во Заев или во некој од опозицијата, власта ќе останела анемична? Сите органи на прогонот се под контрола на власта. Не само тоа, и правосудните истанци. Ако некој се огрешил од законот, посебно ако е во водството на опозицијата, верувајте, досега нема да бил на слобода. Така да, најсилниот аргумент дали некој кривично се огрешил или не, е токму тоа. Власта досега, во духот на тоа како е поставена во општеството, никој од нас опозиционерите немала да го остави на слобода, ако имал макар тронка грешка, спротивно работење на позитивните законски прописи во Македонија – рече Заев.

Заев ги презентира и ставовите во врска средбите со граѓаните и за финасирањето на СДСМ.